Нотингем Форест размислува да се раздели со менаџерот на тимот, Нуно Еспирито Санто, поради изјавите дадени пред почетокот на Премиерлигата, како и караниците со сопственикот Маринакис пред крајот на минатата сезона.
Маринакис и Санто имаа караница по ремито со Лестер, со кои беа прокоцкани сите шанси тимот да се пласира во Лигата на шампионите, но набрзо потоа се смирија тензиите.
Сепак, сега оганот одново се распламети по изјавта на португалскиот тренер, пред првото коло во Премиерлигата.
„Многу сме далеку, многу, многу далеку од местото каде треба да сме. Далеку сме во однос на подготовките, во однос на планирањњето и на составот. Затоа што сме загрижени пред почетокот на сезоната во Премиерлигата – најтешкото првенство во светот. И многу сме далеку. Планот не се материјализираше, подготовките не беа идеални. Немавме можност да создадеме врска меѓу играчите, затоа што не знаевме со какви играчи ќе располагаме. Имаме фудбалери кои знаат дека ќе одат на позајмица. Имаме огромен проблем“, кажа Санто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

