Нов блесок на Андоновски во Италија: Проектил за победнички гол против фаворитот (видео)

Даниел Андоновски продолжува со одличните игри по преселбата од Охрид во редовите на италијанскиот прволигаш Трст. Нашиот интернационалец на неколку натпревари беше најдобар поединец во дресот на Трст, а серијата одлични игри ја продолжи и на денешниот дуел со Мерано, еден од најдобрите италијански тимови сезонава.

Трст на крајот триумфираше со минимални 21-20, а улогата на херој ја имаше токму Андоновски со прекрасен погодок од десет метри, негов шести на мечот.

Погледнете го проектилот на Андоновски за огромна радост меѓу ракометарите на Трст, по победата над еден од главните кандидати за шампионската титула во Италија…

Се вчитува...