Нов блесок: Никола Митревски брани и цепелини (видео)

Никола Митревски повторно блесна во сиот свој сјај во Лигата на Шампионите по бравурозното прво полувреме во кое македонскиот голман собра 10 одбрани за Порто на дуелот со Целје.

Најатрактивна дефинитивно беше онаа во 23. минута кога гостите од Словенија одиграа извонредна акција за цепелин, но не успеаја да ја сместат топката во мрежата откако Митревски маестрално интервенираше.

Погледнете ја оваа одбрана на македонскиот репрезентативец, кој секогаш кога добива шанса сезонава блеска на голот на Порто во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...