Нов дуел на „Кале“: Вардар по нова победа, Еуро Никел за „лечење на раните“

Вторпат оваа седмица Вардар и Гостивар ќе играат натпревар на „Кале“, натпревар во кој двата тима влегуваат во сосема спротивно расположение. Вардар славеше на важниот натпревар против Црн Дрим со што го одбрани домашниот терен и ја запиша првата победа во сезоната, а овој пат избраниците на Јованчев без странските играчи ќе се обидат да го совладаат и фаворизираниот Еуро Никел.

„Среќата конечно е на наша страна и стигнавме до првата победа по која мотивацијата е на повисоко ниво. Еуро Никел е фаворит, но ние ќе се обидеме да го одбраниме домашниот терен и да одиграме најдобро што можеме“ – изјави младиот бек на Вардар, Виктор Ташковски.

За ралика од „црвено-црните“, кавдарчани на дерби дуелот против Работнички загубија по неизвесна завршница. Поразот од првиот дуел на „Кале“ оваа седмица, избраниците на Самарџиев ќе се обидат да го „преболат“ со триумф над младиот Вардар.

„Одигравме тешок натпревар против Работнички кој можеше да заврши и со наша победа, но тоа е што е, им честитам на играчите на Работнички, а ние одиме понатаму. Без оглед на тоа што играме против Вардар, ние не потценуваме никого. Мотивирани сме и во полн состав, како и на секој натпревар така и денекса одиме на победа“ – изјави искусниот играч на Еуро Никел, Никола Караколев.

Се вчитува...