На Серхио Бускетс експресно му здодеа фудбалската пензија, па само девет месеци откако легендарниот плејмејкер ја заврши професионалната кариера тој е подготвен да се врати на најважната споредна работа на светот, и тоа како тренер.
Очекувано, Барселона е клубот каде Бускетс ќе почне да го пече тренерскиот занает, тој беше именуван за помошен тренер во младинската школа на екипата што ја предводи неговиот поранешен тимски колега Хулијан Белети. Поранешниот шпански репрезентативец допрва ќе поччне со полагање на тренерски курсеви, по што дури по добивањето на тренерската лиценца ќе добие шанса да работи како прв тренер, во некоја од младинските екипи во школата на каталонскиот гигант.
Серхио Бускетс одигра 722 натпревари во дресот на Барселона пред да реши пред крајот на кариерата да се пресели во САД, потпишувајќи договор со Интер Мајами за повторно да заигра со Лео Меси и со Жорди Алба.
Бускетс се пензионираше во декември минатата година по освојувањето на титулата во МЛС-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
