Жозе Мурињо денеска пристигна во Мадрид и најдоцна за 24 часа португалскиот стратег и официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб на „кралскиот клуб“.
Договорот беше постигнат уште пред извесно време, но се чекаше Флорентино Перез да победи на претседателските избори, па откако тоа се случи веќе наме никаква пречка за камек на „специјалниот“ назад на „Сантијаго Бернабеу“.
Мурињо имаше уште една година од договорот со Бенфика, но Перез се согласи да ја плати отштетата од вкупно 15 милиони евра за да го доведе овој стручњак, се со цел да се прекине постот од ниту еден освоен трофеј во последните две сезони.
Тој веќе доби две заслувања за одбраната, и тоа Конате од Ливерпул и Дамфрис од Интер, но останува да се види кои ќе бидат следните потези на Реал на пазарот, со оглед на најавите дека ќе биде комплетиран и еден мегатрансфер на играч вреден 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
