Нов пораз и нова кавга – Гризман повторно во центарот на случувањата

Поразот од Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија повторно ја „зовре“ атмосферата во соблекувалната на каталонскиот тим, а во центарот на случувањата е Антоан Гризман. Францускиот интернационалец беше стрелецот на двата погодоци за Барселона, а по натпреварот не го криеше незадоволството и беше критичен кон своите соиграчи.

„Нормално дека сум бесен, повторно примивме лесни голови. Лошо браниме прекини, лоша ни е и комуникацијата, а немој мора да командува и да подвикне како да се поставиме“ – изјави Гризман.

Шпанските медиуми пренесуваат како овие зборови на Французинот не биле добро прифатени во соблакувалната, наводно истите се упатени кон Тер Штеген, кој е еден од најдобрите играчи на Каталонците оваа сезона.

Гризман во последните четири натпревари ја подигна својата форма, со четира гола и три асистенции е еден од најдобрите играчи во Барселона, меѓутоа тоа не му дава за право јавно да ги критикува своите соиграчи од одбраната, особено по лошата форма во текот на сезоната.

Се вчитува...