Нов пораз на дамите на ЕП во ракомет на плажа

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз на Европското првенство на плажа, откако загуби од домашната селекција на Португалија.

Македонскиот тим беше поразен со 0-2 (12-20, 14-17) и остана на последното место во групата, па ќе разигрува за пласман од 9-16 место.

Ова за Македонија е враќање на големата сцена на првенствата на ракомет на плажа, а веќе утре ќе имаме шанса и за првиот триумф. Претходно, во групната фаза избраничките на Златко Мојсоски беа поразени и од Холандија и Украина.

Се вчитува...