Нов пораз на Хјустон, и после +15, Кливленд конечно победи

Поразот на Хјустон и после +15 поени предност, конечно победа на Кливленд, но и новите победнички поени на Ајзеа Томас ја одбележаа изминатава ноќ во НБА лигата.

Хјустон имаше 15 поени предност во третиот период против Мемфис, но Гризлис успеаја на крајот да слават со 110-105 во Тексас.

Мемфис блеска кога игра против најдобрите тимот од Западот. Има скор од 4-0 против Голден стејт и Хјустон оваа сезона. Рокитси првпат сезонава доживеаја два едноподруго порази.

Џејмс Харден беше под своето ниво со 27 поени и девет асистенции, но загуби и седум топки. Од друга страна, Гризлис беа предводени од Тони Ален со 22 поени, а 17 поени дополни Мајк Конли.

Кливленд, пак, беше убедлив во Сакраменто победувајќи со 120-108, пред гостувањето на Голден стејт. Кајри Ирвинг постигна 26 поени, Кајл Корвер запиша 18 додека Леброн Џејмс имаше 16 поени и 15 асистенции во победата на Кливленд. Демарку Казинс беше најдобар во поразениот тим со 26 поени, 11 асистенции и 8 скока.

Никола Вучевиќ со 30 постигнати поени беше најдобар во победата на Орландо над Портланд од 115-109, додека Томас донесе триумф за Бостон над Атланта од 103-101. Ајзеа Томас го погоди последниот шут на две секунди пред крајот за триумф на Бостон. 13 од вкупно 28 поени, Томас ги постигна во последната четвртина .

Филаделфија повторно славеше, надигрувајќи го Шарлот со 102-93, Милвоки беше подобар од Мајами со 116-108, додека Торонто доминираше против Бруклин славејќи со 132-113.

Се вчитува...