Нов пораз на Македонија во Подгорица – Холандија пресилна за нашите кадетки

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години го забележа и третиот пораз на Европското првенство во Б-Дивизија кое се одржува во главниот град на Црна Гора. Овој пат посилни од нашите репрезентативки беше Холандија која славеше со 42-89.

Победата Холанѓанките ја најавија уште во воведната четвртина која ја добија со 11-27 за на полувремето да ја зголемат предноста на 20-43. Второто полувреме не донесе промени на паркетот, Холандија продолжи да ја диктира играта и стигна до убедлив триумф.

Зара Стојковска со 13 поени и 7 скока беше предводничка на Македонија, а неа ја следеше Милица Николиќ со 11 поени и 7 скока. 23 поени за Холандија постигна Кеона Дубстра.

Се вчитува...