Нов пораз на младинците од Романија

Македонската репрезентација до 20 години забележа уште еден пораз на гостувањето во Романија. По вчерашниот пораз нашите надежи денеска загубија со (65-80).

Селекторот Горан Самарџиев по мечот изјави дека нашиот тим денеска изгледал многу подобро од вчерашниот меч.

„За разлика од вчерашниот натпревар, на овој делувавме доста подобро. Бевме во водство повеќе од 27.минути од играта, на крајот загубивме, би рекол и со преголема раазлика. Играме доста добро, но само во моментите кога на теренот е нашата прва петорка. Ја губевме предноста кога тргнува ротацијата, односно во периодите од игрта кога сакам да ги испробам и другите кошаркари. Тоа ни е најголемиот проблем во овој воведен дел од подготвителнито период Се надевам на подобри игри во перидот кој е пред нас“, изјави Самарџиев. 

И денеска најдобар во нашиот тим беше Стојковиќ кој натпреварот го заврши со 24 поени.

Се вчитува...