Нов пораз на Палермо, Несторовки во голгетерска криза

Резултатската криза на Палермо уште повеќе се продлабочи откако сицилијанскиот клуб загуби на гостувањето против Емполи (1-0), екипа што им е директен ривал на сицилијанците во битката за опстанок.

Илија Несторовски повторно ја имаше улогата на предводник на нападот на Палермо, но македонскиот ас влегува во голгетерска криза, откако веќе петти меч во низа не успева да се запише меѓу стрелците. Александар Трајковски се најде на клупата резерви и не влезе во игра во дуелот што Емполи го доби благодарение на пеналот на Макароне во 78. минута.

Maccarone M. (Penalty) Goal HD – Empoli 1… by Goals_online

Се вчитува...