Нов проблем за Барса, Умтити повторно е повреден

Барселона потклекнува во трката за шампионската титула со Реал Мадрид, Кике Сетиен е на излезна врата, Лео Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот, а сега се појавија и нови кадровски проблеми во тимот. Францускиот интернационалец Самуел Умтити повторно е повреден.

Дефaнзивецот се пожали на болки во левото колено и ќе биде надвор од тренажен процес одреден период. Ова дополнително ќе ја оптовари ротацијата во одбранбената линија на каталонскиот состав, а Умтити дефинитивно нема да биде на располагање за гостувањето на „Ел Мадригал“ против Вилјареал в недела.

Се вчитува...