Нов проблем за Интер: Брозовиќ нема да игра за дуелите со Рома и Барселона

Марцело Брозовиќ синоќа доживеа незгодна повреда по што беше приморан да го напушти теренот по 18 минути игра на гостувањето на Хрватска кај Австрија во рамки на Лигата на нации.

Првичните прогнози се дека има повреда на бутниот мускул на левата нога и го очекува пауза од 2-3 седмици.

Ваквата лоша вест од медицинскиот извештај значи дека Интер нема да може да смета на неговите услуги за дербито со Рома во Серија А на 1.октомври, како и за двомечот со Барселона во Лигата на шампиони на 4. и 12.октомври.

Се вчитува...