Нов проблем за Интер пред продолжението на сезоната

 Предолгата пауза без тренинзи остава трага врз фудбалерите, а Интер е меѓу најпогодените италијански клубови во пресрет на продолжението на сезоната. Сенси ќе отсуствува подолго време, а Антонио Конте денеска остана без уште еден фудбалер за врска во пресрет на утрешниот дуел со Сампдорија.

Марсело Брозовиќ се пожали на болка во мускулот по полуфиналето од Купот на Италија против Наполи, а лекарите по деталните прегледи објавија дека хрватскиот интернационалец ќе мора да пауза најмалку седум дена од терените. Ова значи дека Брозовиќ сигурно ќе ги пропушти пресметките со Сампдорија и со Сасуоло, а Антонио Конте се надева дека овој стандарден првотимец би можел да се врати во тимот за дуелот со Парма.

Ериксен дефинитивно ќе го задржи првотимскиот статус по одличниот настап во Неапол, а Конте најверојатно ќе му даде шанса на Галјардини од првата минута против Сампдорија на местото на Брозовиќ.

Се вчитува...