Нов рекорд на Лео Меси во Ла Лига

Само петнаестина минути од денешниот натпревар меѓу Валјадолид и Барселона беа доволни за Лионел Меси да испише историја во Ла Лига, како прв фудбалер што успеал во една сезона да стигне до 20 гола и 20 асистенции во елитното шпанско фудбалско друштво. Котата за голови веќе беше достигната, а Меси вечерва ја прокнижи и 20. асистенција, откако извонредно го проигра Артуро Видал, кој силно и прецизно биеше и со помош на дирекот ја затресе мрежата на Валјадолид.

Единствениот фудбалер што имал слични бројки во елитните лиги е Тиери Анри, кој постигна 24 погодоци и имаше 20 асистенции за Арсенал во сезоната 2002/03.

Се вчитува...