Нов рекорд на неверојатниот Кристијано Роналдо

Јувентус води со 2-0 на дерби-дуелот со Лацио, на кој Кристијано Роналдо со два брзи гола на стартот од второто полувреме запиша уште еден неверојатен рекорд во својата фантастична кариера.

Португалецот погоди од пенал во 51. минута за својот 50. погодок постигнат во „Серија А“, со што Роналдо стана прв фудбалер во историјата што стигнал до овој број на погодоци во трите најсилни европски лиги, англиската Премиер-лига, шпанската Примера Дивизион и италијанската „Серија А“.

Тој подолг период со успех настапуваше за Манчестер Јунајтед и за Реал Мадрид, а до 50-ката во Италија стигна за нецели две сезони, предводејќи го Јувентус до ново скудето.

Воедно, Кристијано е фудбалерот што убедливо најбрзо стигнал до бројот од 50 погодоци во Калчо-лигата. За овој јубилеј му беше доволна само 61 средба, шест помалку од досегашниот рекордер Андриј Шевченко, а девет помалку од Бразилецот Роналдо.

Се вчитува...