Нов рекорд за безвременскиот Горан Пандев – Џенова во финишот до реми против Верона (ВИДЕО)

Џенова на нашиот Горан Пандев одигра нерешено 2-2 со Верона во натпревар од 23. коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со голот на Илиќ во 17. минута, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме домаќините израмнија преку Шомуродов во 48. минута. Ново водство за гостите донесе  Фараони во 61. минута, додека Бадељ во 94. минута постигна гол за еден бод за Џенова. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија доби шанса во 67. минута кога влезе на местото на Кевин Струтман. Ова беше 155 пат како Гоче Пандев влегува како резерва во Серија А со што го урна рекордот на легендарниот фудбалер на Киево Серџио Пелисиер.

Џенова останува на 11. позиција на првенствената табела со 26 бода, додека Верона е деветта 34 бода.

 

 

Се вчитува...