Нов шок за Ливерпул: Салах позитивен на коронавирус

Секој нов ден носи и нова огромна главоболка за Јирген Клоп, откако денеска беше објавено дека Мохамед Салах е позитивен на коронавирус.

Информацијата ја обелодени Египетската Фудбалска Федерација по извршените тестирања врз сите фудбалери пред новиот квалфикациски меч, при што единствено тестот на Салах бил позитивен. Асот на Ливерпул повторно ќе се тестира, а доколку и вториот тест биде позитивен тоа ќе значи пауза од најмалку две седмици од терените.

Ова е втората лоша вест за Клоп за време на репрезентативната пауза, по тешката повреда што ја заработи Џо Гомез, за кого оваа сезона е предвреме завршена.

Се вчитува...