Новата сезона во АБА лигата сè уште не е ни започната, а регионалното натпреварување се најде во центарот на сериозен спор околу судиите.
Како што пренесува српски Б92, до новоизбраните судии е испратена лажна порака од е-мејл што го користи зборот „АБА“ во своето име, потпишана во име на „сите 63 судии од АБА лигата“.
Наводно, судиите кои биле на списокот на АБА лигата од минатата сезона користеле лажна електронска адреса, чие име го содржело името „АБА“, за да контактираат со судиите избрани за следната сезона.
Од споменатата адреса е испратено писмо потпишано во име на „сите 63 судии од АБА лигата“, во кое новоизбраните судии се повикувани да не прифаќаат ангажман во регионалното натпреварување. Во пораката, како што дознаваме, од новите судии било побарано да ја проследат содржината до своите колеги во други земји.
Користењето адреса што содржи „АБА“ во името создава впечаток дека комуникацијата има некаква врска со самото натпреварување. Сепак, споменатата е-адреса не е официјална адреса на АБА лигата, ниту пак е овластен комуникациски канал на регионалното натпреварување.
Направен е скандалозен обид да се поканат новите судии да одбијат ангажман, како не би почнало натпреврувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
