Нов солиден настап на македонските пливачи на ЕП во Будимпешта

Филип Деркоски, Миа Еминова Блажевска и Миа Крстевска имаа солиден настап на Европското првенство во водени спортови кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Филип Деркоски на трката на 200 метри слободно заврши со време од 1:55.67 минута, што беше за повеќе од една секунда подобро од пријавеното време. Со овој резултат македонскиот пливач заврши како 69 од вкупно 76 натпреварувачи.

Миа Блажевска Еминова оствари време од 1:04.96 на 100 метри грбно, што беше за половина секунда подобро од пријавеното време со кое на крајот го освои 43. место. Миа Крстевска на истата делница заврши со 1:05.52 минути што беше доволно за 46. место.

Македонија имаше свој претставник и на 50 метри пеперутка каде Иван Симоновски заврши како претпоследен со време од 26.17.

Се вчитува...