Нов срам за Ѓоковиќ: Србинот се уште нема финале во 2024 година

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ продолжува со катастрофалната сезона во која се уште нема играно ниту финале, откако денеска го заврши својот настап во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 во Женева.

Во мечот за финалето Ѓоковиќ беше поразен од 44. тенисер во светот, Чехот, Томас Махач со 2-1, по сетови 6-4, 0-6 и 6-1. Ѓоковиќ подобро го отвори мечот и веднаш стигна до предност од 1-4, сепак следуваше неочекуван пад, па со серија од пет гема Махач поведе со 1-0 (6-4). Во вториот сет Србинот одигра фуриозно и на противникот не му дозволи ниту еден гем (6-0), по што израмни на 1-1.

И кога се очекуваше популарниот Ноле само рутински да ја заврши работата, следеше нов голем пад, а Махач сето тоа го искористи да слави во третиот сет со 6-1. Во финалето Чехот за противник го чека подобриот од деулот меѓу Норвежанецот, Каспер Руд и Италијанецот, Флавио Коболи.

Се вчитува...