Младата канадска пливачка Самер Мекинтош успеа да постигне нов неверојатен резултат на државното првенство на Канада.
По светскиот рекорд на 400 метри слободно, младата Канаѓанка успеа да постави нов светски рекорд и на делницата од 200 метри мешано.
Таа трката ја исплива за време од 2:05.70 минути што беше за 42 стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд кој го држеше легендарната унгарска пливачка Катинка Хосу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА