Нов талент во Аеродром: Михаил Наумоски потпиша за МЗТ Скопје

Проектот за развој на младите македонски кошаркари на МЗТ Скопје продолжува со потписот на младиот талент Михаил Наумоски. 17-годишниот крилен играч веќе некое време е во Скопје и тренира со составот на МЗТ2, со што ќе биде од огромна помош за младиот тим на Боро Даскаловски во борбата за опстанок.

Договорот со 205cm високиот играч е на две и пол години, а синот на легендарниот македонски кошаркар доаѓа од редовите на Црвена Звезда. Претходно со својата кариера младиот играч броеше настапи и за Вардар и Галатасарај.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам се од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“ – изјави Наумоски.

Се вчитува...