Нов тежок пад во Кортина, спустот траеше три часа, победи Мовинкел

Новрешката скијачка Рагнхилд Мовинкел е победничка на спустот за скијачки во Светскиот куп во Кортина д’Ампецо. Трката ја одбележаа бројни прекини, тешки падови, а поради тоа и ветерот трката траеше цели три часа.

Првата пауза следуваше после тешкиот пад на Американската Изабела Рајт, која незгодно падна и со хеликоптер беше пренесена во болница. Големи проблеми правеше и ветерот кој неколку пати го прекинуваше натпреварувањето.

Во такви услови најдобро се снајде Мовникел која славеше со 0.35 секунди предност пред Жаклин Вајлс од САД, а трета беше Италијанката Софиа Гоџиа со 0.44 заостанување.

Се вчитува...