Денешниот ден донесе и нов трејд во НБА-лигата, со кој Бади Хилд ја напушти екипата на Атланта хоукс и стана нов член на Шарлот.
Во соопштението е наведено дека Атланта покрај Хилд се откажала и од услугите на Рајан Нембхард, а „јастребите“ ќе доплатат и известа сума пари за да си ја исполнат желбата – да го добијат Доријан Фини Смит.
Хилд (33 години) во Атланта стигна во февруари годинава, а претходно има настапувано и за Голден стејт, Филаделфија, Индијана, Сакраменто и Њу Орлеанс. Тој минатата сезона одигра вкупно 51 меч за Голден Стејт и за Атланта.
Нембхард ланската сезона одигра 60 мечеви за Далас, а во јули годинава пристигна во Атланта како дел од трејдот во кој учествуваа три клубови.
Фини Смит во кариерата ги има брането боите на Далас, Бруклин, ЛА Лејкерс и Хјустон, на почетокот од јули беше трејдуван во Шарлот, а без да одигра ниту еден меч за овој клуб сега е испратен во Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
