Нов „трипл-дабл“ на Харден, Детроит славеше со инфаркт завршница

Хјустон без проблеми реди победи во НБА лигата кога Џејмс Харден е разигран. „Брадата“ одново блесна на уште еден натпревар од оваа сезона, овој пат против Торонто со 1212-129. Харден оствари нов трипл-дабл ефект од 40 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Во новиот триумф му помогна и Харел со 28 поени, Гордон со 19 и Ариза со 17 поени.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/c6cc4c179ed4b15a3a7add799c0fe122.mp4″]

Се чинеше како сè да е готово помеѓу Портланд и Детроит откако домаќините имаа два поени предност до десеттата секунда на истекот на продолжението. Колдвел Поуп не сакаше да се помири со тоа, ризикуваше да се извлече зад линијата за три поени и успеа во намерата. Од 122-124 на семафорот стоеше 125-124 и нова победа за Детроит. Реџи Џексон со 31 поен и Андре Друмонд со 28 поени и 14 скокови беа најефикасни на синоќешниот натпревар додека Поуп уфрли 26 поени.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/b9fa45e73b0cca8df309a72eb5ba7bb5.mp4″]Резултати:Мемфис – Јута 88-79Феник – Кливленд 116-120Сакраменто – Голден стејт 106-117ЛА Лејкерс – Орландо 111-95  

Се вчитува...