Нов циркус: Партизан не го пушта Џабари на тренинг со соиграчите

Партизан се мачи да привлече топ-засилувања летово, а „црно-белите“ во меѓувреме се откажаа од Џабари Паркер, Американецот кој лани беше најзвучно засилување на овој тим, но не се снајде во тактичките замисли на Обрадовиќ, подоцна и на Пењароја, со што го навлече бесот на јавноста.

Крилниот кошаркар пристигна на подготовките на „црно-белите“, но доживеа непријатно изненадување откако му беше кажано дека за него ќе нема место на тимските тренинзи. Тој тренира одвоено оа првиот тим, тренерот Пењароја лично му соопштил на Паркер дека нема да биде дел од неговите планови, но останува проблемот – Паркер има договор вреден над 1,5 милиони евра за новата сезона што ниту еден клуб не сака да го покрие за да го доведе Американецот во своите редови.

Тој ги мина последните месеци од ланската сезона во Хувентуд, но шпанскиот тим нема намера да го откупи целиот договор за 2026/27, па останува да се види дали ќе се најде заеднички јазик или Џабари ќе остане во Партизан и тренирајќи со младинците ќе заработи богатство за нецела година во Белград.

Се вчитува...