Нов убедлив пораз на младите кошаркарки

Кошаркарите на Македонија на возраст до 18 години претрпеа уште еден пораз на ЕВропското Првенство – Б дивизија, што се одржува во Скопје. Нивни ривалки денеска беа австриските репрезентативки, кои со подобра игра во последната четвртина стигнаа до победа од 51-66.

Во првата четвртина и двете селекции имаа проблеми со нападот, а Македонија ги заврши овие десет минути игра со предност од 10-6. Нашите кошаркарки ја одржуваа предноста и во втората четвртина, контролирајќи го резултатот се до последните десет минути од мечот. А тогаш – повторно катастрофално издание во кое Австрија целосно доминираше, го доби овој дел од мечот со убедливи 6-23 и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Се вчитува...