Нов убедлив пораз на женската фудбалска репрезентација

Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз во квалификациите за СП, откако „црвено-жолтите“ денеска во Скопје загубија од Австрија со 0-6.

По убедливите 8-0 на мечот од првото коло против Англија, нашите најдобри фудбалерки денеска повторно беа далеку под нивото на противникот.

Австријките го отворија резултатот уште во 12. минута преку Хобингер, осум минути подоцна Била од пенал зголеми на 0-2, а оваа фудбалерка до крајот на мечот стигна и до хет-трик, со два гола во второто полувреме.

Македонија:  Суарта Дервиши, Синдис Положани, Павлинка Николовска, Сара Коларовска, Илза Максути, Хава Мустафа, Наташа Андонова, Афродита Салихи, Јулија Живиќ, Рабија Дервиши, Кристина Петрушевска;

Селектор: Кирил Изов

Се вчитува...