Нов удар за Ливерпул: Садио Мане одлучил да замине од „Енфилд“!

После вчерашниот пораз во финалето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид и неосвоениот пехар, на ред се средување на играчкиот кадар во редовите на „црвените“. А, денеска информацијата која доаѓа е дека Садио Мане ги инфомирал челниците на „црвените“ дека сака да си замине од клубот.

Ова сигурно нема да им се допадне ниту на навивачите на „црвените“, ниту на челниците и стручниот штаб, со оглед дека Мане беше еден од најзаслужните за титулата во Премиерлигата и во Лигата на шампионите пред три години. Мане им соопштил на првите луѓе дека му е потребен нов предизвик во кариерата.

Во следните неколку дена се очекува одлуката и за Мохамед Салах, кој исто така е на излезна врата од „Енфилд“. Од клубот сигурно заминува и Дивок Ориги кој ќе го продолжи во Милан.

Во едно интервју Мане призна дека пред да дојде во Ливерпул, бил блиску до Манчестер Јунајтед, но Клоп на крајот го убедил да пристигне во Ливерпул.

Се вчитува...