Нов удар за Норвешка: Мирхол отпадна од комбинација за ЕП

Норвешка ќе биде дополнително ослабена за претстојниот европски шампионат откако Бјарте Мирхол поради повреда отпадна од комбинација за настап на ЕП 2020. Одличниот пивот беше избран во олстар тимовите на СП 2017 и на СП 2019, но мораше да замине на операција по последните здравствени проблеми, по што веќе е јасно дека нема никакви шанси да му биде на располагање на селекторот Кристијан Берге.

Многу сум разочаран што нема да можам да играм на европското првенство, но од друга страна и сакам да завршам со операцијата. Во последно време се соочив со сериозни здравствени проблеми, сакам да ги разрешам, за потоа да можам да давам се од себе на терените“ – изјави Мирхол.

Норвешкиот селектор дополнително го повика Том Каре Николаисен на местото на Мирхол. Одличниот пивот е вториот стандарден ракометар што отпаѓа од комбинација во норвешкиот табор, по Рене Тонесен од Веспрем, кој по повредата на дуелот во Скопје против Вардар ќе отсуствува до крајот на сезонава.

Се вчитува...