Нов удар за Реал: Крај на сезоната за Лукас Васкез

Проблемите на Зинедин Зидан со повредени играчи уште повеќе се зголемија откако Лукас Васкез настрада на синоќешното дерби против Барселона. Васкез се повреди при еден дуел со Бускетс, а лекарските прегледи донесоа лоша вест за Зидан – станува збор за истегнување на лигаментите во коленото, што значи дека оваа повреда е предвреме завршена за овој фудбалер.

Вообичаената пауза за ваков вид на повреди изнесува месец и половина, што значи дека Васкез дефинитивно нема да му биде на располагање на Зидан до крајот на сезонава. Тој беше резервен десен бек во ситуација кога повреден е Карвахал, па сега стратегот на Реал ќе му даде шанса на Одриозола, кој и самиот неодамна се врати по повредата.

Ова значи дека Васкез токму против Барселона го одигра својот последен меч во дресот на Реал Мадрид, ако се знае дека неговиот договор истекува на крајот од сезонава, а Шпанецот сериозно размислува за заминување од Мадрид. Милан и Баерн Минхен важат за фаворити во трката за потписот на Лукас Васкез.

Се вчитува...