Нов златен медал за Миа Блажевска-Еминова, поставен уште еден државен рекорд!

Миа Блажевска-Еминова се закити со нов златен медал, 16-годишната пливачка настапи на Меѓународниот митинг во Бања Лука и успеа да го освои златниот медал во категорија 50 метри грбно.

Патеката ја мина со време 30.33 секунди и дојде до првата позиција. Истовремено, таа постави и нов апсолутен рекорд со испливаното време.

Се вчитува...