Нова импресивна победа на Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со импресивните настапи во Првата лига, во која новоформираниот клуб има перфектен скор на патот до елитното друштво.

Избраниците на тренерот Савевски денеска за противник го имаа составот на Јехона, славејќи со убедливи 48-22. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме што Алкалоиг го доби со 26-9, за домашните ракометари во вториот дел дополнително да ја зголемат предноста до конечните „плус 26“.

Михаил Ивановски и Михајло Костовски со по седум погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека Стојков и Кофиловски по шест пати ги матираа гостинските голмани.

Се вчитува...