Нова одлична трка за Иџе – од шестнаесетти заврши како шестти

Најдобриот македонски возач Игор Стефановски – Иџе извозе нова одлична трка на легендарната италијанска патека „Имола“. Стефановски повторно стартуваше од 16. позиција, но повторно ја докажа својата доминација на оваа стаза и истата ја заврши десет места понапред.

Како потсетување, слично беше и вчера кога македонскиот возач трката ја започна од 16. место, а ја заврши како осми. Со тоа Стефановски собра нови бодови на ТЦР шампионатот во Италија.

Победник на денешната трка беше Италијанецот Кевин Чекон, второто место му припадна на Матијас Бахтел, а треттото на Душан Курил.

Се вчитува...