Нова повреда за Велковски: Предвреме го заврши дербито со Хајдук

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски заработи нова повреда по која предвреме го заврши дерби дуелот со Хајдук во 23. коло од шампионатот на Хрватска.

Велковски пред крајот на полувремето заработи повреда поради која принудно мораше да биде заменет, па на негово место на стартот од вториот дел во игра влезе Галешиќ.

Дополнително треба да бидат деталните лекарски прегледи, по што ќе биде позната тежината на повредата и должината на евентуалната пауза.

Се вчитува...