Нова сензација – Шпанија ја урна Норвешка и закажа финале со Холандија

Шпанија ќе ја предизвика Холандија во големото финале на Светското ракометно првенство за жени, откако денеска во второто полуфинале изненадувачки ја совлада фаворизираната Норвешка со 22-28.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете селекции кои на пауза заминаа со нерешен резултат 13-13. Клучна беше одличната одбрана на Шпанија на почетокот на второто полувреме која за 20 минути на Норвешка и дозволи само шест гола по кои стигна до највисоките до тој момент (19-25). Шпанија рутински го приведе мечот до крајот за конечни 22-28. Кабрал со седум и Родригез со шест гола беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека кај Норвешка Оне се запиша пет пати во листата на стрелците.

Во финалето Шпанија и Холандија ќе се борат за својот прв трофеј на Мундијалите. За Шпанките ова е прво учество во мечот за злато, додека Холандија го повтори успехот од 2015 кога се закити со среброто. Финалниот меч на програмата е во недела во 12:30 по средноевропско време, додека мечот за бронзата меѓу Русија и Норвешка е закажан за три часа порано.

Се вчитува...