Нова сезона, стариот Вини: Бразилецот повторно симулираше, но се извлече од казна (ВИДЕО)

Реал Мадрид некако успеа, со гол во 90. минута, да забележи победа на стартот на првенството. Сепак  ден подоцна, се уште се зборува за дуелот против Еспањол.

Најконтроверзниот момент се случи во 62.  минута од натпреварот од второто коло на Ла Лига, кога Винисиус Жуниор во свој препознатлив стил со спринт навлезе во шеснаесетникот од левата страна и откако топката веќе му избега, одлучи да падне.

Дури и искусниот судија Хосе Марија Санчез Мартинез јасно можеше да види дека немаше сопнување и дека Бразилецот падна како покосен штом го почувствува допирот од раката на капитенот на домашниот тим, Еду Експосито, но ѕвездата на Реал на крајот помина неказнето.

Се вчитува...