Нова „шестка“ во Германија: Лајпциг ја растури Херта сред Берлин (ВИДЕО)

Екипата на Лајпциг, убедливо ја совлада Херта и тоа на нејзин терен во Берлин со 1:6. Гостите беа далеку подобар противник од домаќинот, и сосема заслужено на крајот ги освоија бодовите, важни во битката за Лигата на шампионите.

Само 0-1 имаше предност на полувремето Лајпциг со голот на Хенрикс. Само што почна вториот дел, Јоветиќ донесе израмнување, а бродот на Херта почна да тоне по исклучувањето на Кемпф во 62. минута.

Нкунку од пенал во 64. минута донесе ново водство, а истиот играч после три минути повторно погоди за 1:3. Олмо во 75. минута донесе 1-4, а Хајдара во 82. минута донесе 1-5, а Поулсен во 89. минута ги постави конечните 1-6.

Ова е втора „шестка“ денеска во Бундеслигата. Претходно Борусија Д. ја совлада Борусија М. со 6-0.

Се вчитува...