Нова „стотка“ за Пелистер во кошаркарскиот шампионат

Кошаркарите на Пелистер сo сигурен триумф над Вардар од 80-105 се вратија на победите во домашниот шампиона по поразот против Гостивар. Вардарци беа достоен противник само во првата четвртина во која имаа негатива од само четири поени (28-32). Во втората четвртина битолчани уфрлија во повисока брзина и веќе на пауза имаа предност од плус дваесет (40-60).

Во второто полувреме само продолжи газењет за на крај да се дојде до конечните 80-105. Кесар со 25 и Бојан Трајковски со 24 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај „црвено-црните“ се истакна Дикембе со 25 поени.

Пелистер останува на првата позиција на табелата со скор од 10 победи и 2 порази, додека Вардар е деветти со 2 победи и 9 порази.

Се вчитува...