Судејќи според објавите на социјалните мрежи добивме нова романса во светот на тенисот. Имено, љубителите на „белиот спорт“ се сигурни дека има нешто меѓу Стен Вавринка и Гарбиње Мугуруза. Тенисерите се заедно во Женева каде тренираат за рестартот на сезоната, а Стен Вавринка објави фотографија која покажува дека меѓу двајцата има нешто повеќе од само спаринг партнерство.
„Врело е и влажно со Муга“, напиша накратко Вавринка.
Ова нема да му биде прва врска на Швајцарецот со некоја од колешките. Тој претходно во кратка врска беше со Хрватката Дона Векиќ.
View this post on Instagram
Hot and humid with Mugu ???☀?♟ #mugu #doubletrouble #stantheman #hardwork
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА