Нова трагедија во ринг: 25-годишен боксер почина по добиен нокаут (ВИДЕО)

Нова трагедија од боксерскиот спорт. Колумбиецот Луис Кињонес почина по повреда на мозокот добиена за време на мечот против сонародникот Хозе Муњоз.

Во мечот за нов шампион на Колумбија во суперлесна категорија, 25-годишниот Кињонес се сруши во рингот по добиен нокаут во 8-та рунда.

Веднаш, по констатацијата дека состојбата не му е добра, е пренесен во државната клиника каде му е индицирана вештачка кома, но за жал не успеа да се спаси.

„Изразуваме сочувство до семејството на Кињонес кој за жал почина по повредите на мозокот за време на мечот со национален шампион“ – информираа од боксерскиот сојуз на Колумбија.

Се вчитува...