Уште од самиот старт на нејзината примена ВАР-технологијата предизвикува низа контроверзии. Последната на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Парма и Интер.
По уфрлањето од прекин за Интер, Годин ја зафати топката која притоа го погоди во рака Куртиќ и заврши покрај голот. Главниот судија веднаш се посомнева на игра со рака, контактирајќи ја ВАР-собата. Но, по прегледувањето на снимката ја промени одлуката во корист на Парма. Годин во моментот на прекин се наоѓал во минимален офсајд па Интер остана без пенал и корнер.
А, правилата се едноставни. Офсајдот го анулира играњето со рака затоа што Годин најпрво беше во недозволена позиција пред интервенцијата на Куртиќ, поради што пенал не можеше да биде досуден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА