Во периодот на комплетен застој во тенисот кој поради коронавирусот е во прекин и во голема неизвесност кога ќе биде прдолжението на сезоната (надежите се дека со УС Опен во август), Новак Ѓоковиќ реши да не мирува и да покаже дека тенис може да се игра и тоа на Балкан и на регионално ниво. Од денеска почнува првиот од неколкуте турнири на неговата „Адрија турнеја“.
Почетниот турнир е во неговиот роден Белград. Тенисерите кои учествуваат се поделени во две групи, мечевите се закажани за викендов, а финалето за утре вечер. Потоа турнејата се сели во Хрватска, Црна Гора и во Босна и Херцеговина.
Отворањето на турнирот беше ревијален меч во кој Новак Ѓоковиќ и поранешната тенисерка број еден во светот, Јелена Јанковиќ во драматичен финиш го победија тандемот составен од ветеранот Ненад Зимоњиќ и најголемата надеж на српскиот тенис, Олга Даниловиќ, ќерката на славниот кошаркарски ас, сега претседател на Кошаркарската федерација на Србија, Предраг Даниловиќ.
Турнирот е пред полни трибини, публика ќе има сите денови со оглед дека во Србија веќе нема рестрикции поврзани со коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА