Новак Ѓоковиќ откри кога ќе замине во пензија

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на престојниот грен-слем „Ролан Гарос“ без да игра во ниту едно финале во досегашниот дел од сезоната. Тоа е новитет кога станува збор за српскиот тенисер па говорејќи за медиумите одговараше и на интересни прашања.

Едно од нив беше поврзано со неговото чувство, дали смета дека и понатаму може да се натпреварува за трофеј на што тенисерот број еден имаше интересен одговор.

„Да не сум не би бил тука, тоа за мене се подразбира. Не доаѓам на турнир, поготово не на слем, а да не можам. Сомнежот е секогаш тука, но да мислев дека нема да можам да го освојам немаше ни да бидам тука. Кога ќе почуствувам такво нешто најверојатно тогаш и ќе се пензионирам. И понатаму мислам дека можам да ги победам најдобрите. Со некои од нив имам поголеми шанси, со некои помали, но и понатаму сум број еден во светот и тоа кажува многу“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...