Новак и Јелена Ѓоковиќ се позитивни на коронавирус

Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, покажаа тестовите што српскиот тенисер ги направи веднаш по заминувањето од Хрватска и пристигнувањето во Белград. Прворангираниот светски тенисер одби да биде тестиран во Задар, но веднаш по доаѓањето во Белград се упати кај својот лекар, каде му беа извршени тестови за Covid-19.

Ваквиот исход не е преголемо изненадување ако се знае дека Ѓоковиќ во изминатите денови беше во постојан контакт со Григор Димитров, кој завчера објави дека е позитивен на коронавирус. Тестовите само ги потврдија стравувањата дека и Новак е позитивен на оваа болест, заедно со неговата сопруга Јелена.

„Веднаш по моето доаѓање во Белград заминавме на тестирање. Мојот резултат е позитивен, исто како и на Јелена. Децата се негативни. Се што правевме во изминатиот месец беше правено со чисто срце и искрено намери“, истакна Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...