„Новак, Рафа и Роџер се вонземјани, јас само сакав да играм тенис“

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка изјави дека како дете имал само две цели, а освојување на најголемите турнири не биле меѓу нив. Како што истекна тој само сакал да биде дел од топ 100 во светот и да може да живее од играњето тенис.

„По мојата прва грен-слем титула луѓето почнаа да говорат „Еј дечко, како успеа во тоа, тоа значи дека и ние можеме“. Новак, Роџер и Рафа се вонземјани кои секогаш се над другите, а моето највисоко ниво дојде многу доцна“, изјави Вавринка. 

Швајцарецот во кариерата досега освои 16 трофеи, меѓу кои и три грен-слема (Австралија опен, Ролан Гарос и УС опен).

Се вчитува...