Новак се расплака пред белградската публика: Не плачам поради елиминацијата, се потсетив на детството… (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ иако го совлада Александер Зверев со 2-1 во сетови не успеа да се пласира во финалето на „Адрија куп“ кој се игра во Белград.

Ѓоковиќ, сепак со победата, му го отвори патот кон финале на сонародникот Филип Крајиновиќ кој го чека подобриот од дуелот Тим – Димитров.

Сепак, српската публика со овации го испрати Ѓоковиќ кој не можеше да ги сокрие солзите…

„Не плачам затоа што не се пласирав во финалето. Изминативе денови беа доста емотивни, сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа да се одржи овој турнир. Ме понесоа емоции, затоа што сето ова ми ги врати спомените од детството. Ве сакам сите и ви благодарам уште еднаш“ – се обрати Ѓоковиќ кон белградската публика.

Се вчитува...