Новак се збогуваше од Вардар: Засекогаш ќе останам навивач број еден на овој клуб!

Украинскиот фудбалер Евгениј Новак и официјано се збогуваше од ФК Вардар. По пет години минати во црвено-црниот дрес Украинецот продолжува во украински Колос, одлучувајќи со порака посветена на Вардар и „Комитите“ да се збогува од најтрофејниот македонски клуб.

„Почитувани фанови, соиграчи и сите што го поддржуваат и сакаат семејството Вардар. Денеска завршува мојата убава приказна со Вардар. По три шампионски титули и историскиот успех со пласман во групната фаза од Лигата на Европа, сега се разделувам. Во Скопје запознав многу прекрасни луѓе со кои ќе продолжам да бидам во контакт а Вардар засекогаш ќе остане во моето срце. Им благодарам на соиграчите, им благодарам на навивачите, им благодарам на Комитите и на сите што ме поддржуваа изминатите речиси пет години. Му посакувам успех на клубот во иднина, и секогаш ќе останам број еден навивач на Вардар“ – напиша Новак на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...